3870 слободни места на Универзитетот „Гоце Делчев“ Штип за новата академска година

Универзитетот „Гоце Делчев“ Штип денеска на прес конференција ги претстави плановите за упис на студенти во новата академска година. Има слободни 3870 места на 12 факултети и три академии, а очекувањата се и годинава да бидат запишани сличен број како лани,  или околу 2000 студенти.

 

 

 

Проф. Д-р Дејан Мираковски, кој од септември ќе ја преземе функцијата ректор на овој универзитет,  најави дека во функција е платформата за електронско аплицирање, а од оваа година за прв пат се воведува програма на англиски јазик на медицинскиот факултет.

 

Акредитирани програми на англиски јазик има и на правниот факултет и на музичката академија. Како што најави Мираковски и годинава ќе се стипендираат најдобро рангираните студенти кои ќе се запишат на студиската програма на македонски јазик.

 

 

Првиот уписен рок е на 25,26,29 и 30 август. 

 

„Студентите веќе можат електронски да аплицираат преку електронската платформа на веб страната на УГД, а физички документите можат да ги достават по 10 август “ рече Мираковски.

 

 

A.Д