20 години од убиството на Блашко Толев

20 години од убиството на Блашко Толев

Денеска во село Марена со полагање на свежо цвеќе пред бистата на Блашко Толев се одбележаа 20 години од неговата трагична смрт. Тој загина на Тетовското кале во конфликтот од минофрлачка граната.

 

 

Свежо цвеќе на спомен бистата на Толев положија делегациа на градоначалникот на Општина Кавадарци предводена од градоначалникот Митко Јанчев, делегација на Советот на Општина Кавадарци, делегација на ОК на ВМРО ДПМНЕ Кавадарци, делегација од сојузот на борците и од МЗ Марена.Блашко Толев загина на негови 20 години жртвувајки го сопствениот живот во одбраната на татковината.

 

М.В.