Се започна со реконструкција на фасади на згради во три урбани единици – активности за подобро улично осветлување

Општина Кавадарци започна со реконструкција на фасади на станбени згради во МЗ Киро Крстев, МЗ Кула и МЗ Страшо Пунџур. Се започна со реконструкција на зградата на ул. Иво Андриќ бр. 2, и на истата се врши фарбање, крпење, поставување на сачак и олуци.

 

Боите на фасадите беа одобрени од страна на Советот на Општина Кавадарци. Изведувач на овие згради е ДПТУ Автоматско технолошки системи ДООЕЛ Скопје – информираат од локалната самоуправа.

 

Општината паралелно работи и на проект за подобрување на уличното осветлување. Aнгажираната оператива за интервенции на јавното улично осветлување работеше на замена на ламби на патегот од ул.„Васил Главинов“ до ул. „Црноречка“.
 
 
Се продолжи релизацијата на проектот за подобрување на јавното осветлување на вкупно предвидените 30 улици.
Проектот има за цел да ги подобри условите за непречено и безбедно движење на граѓаните во ноќните часови, заштеда на електричната енергија, како и подигање на еколошките стандарди.
 
Од општината нагласуваат дека во наредниот период продолжува  реализацијата на овој  проект.