Кожувчанка донира од своите производи за пунктовите каде се врши масовна имунизација

Кожувчанка донира од своите производи за пунктовите каде се врши масовна имунизација

Компанијата Кожувчанка како општествено одговорна компанија донира 100.000 шишиња негазирана природна вода Изворска и 22.000 лименки безалкохолен пијалок Sinetta, на регионалниот пункт за вакцинација во град Кавадарци кој е домаќин за  масовното вакцинирање наменето за сите заинтересирани граѓани од: Кавадарци, Неготино, Велес, Градско, Росоман, Демир Капија, Валандово, Дојран и Гевгелија. Кожувчанка од своите производи донира и за останатите регионални пунктови каде што се извршува масовна вакцинација.

 

Со тоа докажуваме дека сме одговорен поборник онаму каде што е најпотребно. Во последната година откако започна пандемијата, неизмерно поддржуваме голем број на клиники и Ковид центри насекаде во нашата држава со негазираната природна вода Изворска.

 

И во овие тешки моменти нашата компанија несебично помага онаму каде што е потребно. Чест и задоволство ни е што и во овие моменти на вакцинација и имунизација  го правиме истото. – се вели во изјавата од КОЖУВЧАНКА ДОО