Првата доза на кинеската вакцина „Синофарм“ денеска ја прими и градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев. Тој се вакцинираше на пунктот за масовна имунизација, во спортската сала „Јасмин“ во Кавадарци, кој од вторникот работи континуирано.

Јанчев по вакцинирањето за КТВ изјави дека се чувствува одлично и апелираше до сите граѓани да се пријават на vakcinacija.mk и да се вакцинираат, бидејќи тоа е единствениот начин за заштита од ковид 19.
Директорот на кавадаречката болница со проширена дејност, д-р Диме Коцев информира дека досега се вакцинирани 7000 граѓани од регионот.
А.Д


