Пратеничката од Кавадарци од редовите на СДСМ и коалицијата, Даниела Колева денеска во изјава за медиумите се осврна на реформите во образованието кои се подготвуваат, а за кои има реакции во јавноста.
Истакна дека сите без исклучок, сакаат настава со физичко присуство и дека замена за неа нема. – Ако ситуацијата со ковид 19 биде подобра, секако од 1 септември наставата ќе биде со физичко присуство, рече Колева.
„ Дигитални учебници, предвидени се само за 4 одделение, од 1 до 3 одд. ќе учат само од печатени, а исто и од 5 до 9 одд. со тоа што, доколку не се покажат функционални, постои можност да се вратат печатените учебници“ додаде пратеничката и ги повика родителите и наставниците кои имаат нејаснотии и предлози околу предложените измени, слободно да ја контактираат.
А.Д