Црна ковид статистика: Во март најсилен удар на корона вирусот во Тиквешијата

Црна ковид статистика: Во март најсилен удар на корона вирусот во Тиквешијата

Од почетокот на ковид пандемијата, во Тиквешијата, според статистиката се бележи најсилен удар на ковид 19 изминатиот месец,  или третиот бран беше најсилен. Евидентирани се 1870 позитивни и 57 починати лица. 

 

Во Кавадарци поради компликации од корона вирус животот го загубиле 33 лица, а биле дијагностицирани вкупно 1068 позитивни случаи. Заклучно со вчера во Кавадарци активни се 721 случаи, а од почетокот на пандемијата се евидентирани вкупно 4451 позитивен.

 

Во Неготино починале 19 лица, а во март се избројани 689 позитивни на вирусот. Овде од почетокот на пандемијата има вкупно  1932 случаи, додека во моментов  активни се 395.

 

113 позитивни имало во Демир Капија, а починале пет лица.

 

Во март и ковид центарот во кавадаречката болница, кој располага со 95 болнички кревети,  беше постојано под наплив на пациенти, кои најчесто имаа потреба од кислородна поддршка. Дневно имаше на лекување и по 80 пациенти.

 

Вчера биле примени седум нови пациенти и моментално на лекување се 72 во стабилна општа состојба.

 

А.Д