Девет пациенти во изминативе 24 часа се хоспитализирани во модуларната ковид болница во Кавадарци. Започна да се полни капацитетот и на овој трет оддел, во кој се лекуваат пациенти позитини на корона вирус.
„Во моментов има слободни 26 болнички кревети од вкупно 95 со колку што располага нашата болница. Се лекуваат вкупно 69 пациенти“ – вели директорот д-р Диме Коцев.
Тој апелира до граѓаните да ги почутуваат мерките за заштита, бидејќи состојбата со вирусот во Тиквешијата и понатаму е сериозна.
Во вчерашната статистика на ИЈЗ се евидентирани по 13 нови позитивни на корона вирус во Кавадарци и Неготино. Активни случаи во моментов во Кавадарци се 496, 304 во Неготино и 31 во Демир Капија.
А.Д