
Четворица ковид позитивни пациенти се хоспитализирани изминативе 24 часа во ковид одделот на кавадаречката болница. Во моментов таму се лекуваат вкупно 52 пациенти во стабилна општа состојба.
Директорот на болницата, д-р Диме Коцев информира дека слободни се уште 8 болнички кревети.
Дознаваме дека деновиве ќе биде ставена во функција и модуларната болница, чија изградба е веќе завршена.
Во изминативе 24 часа е регистриран и еден смртен случај. Починал 78 годишен маж од Кавадарци со сериозни коморбидитети.
Во вчерашната статистика, во Тиквешијата се евидентирани 73 нови ковид позитивни, по 36 во Кавадарци и Неготино и 1 во Демир Капија.
Заклучно до вчера, во Кавадарци активни се 604 случаи, 264 во Неготино и 40 во Демир Капија.
А.Д