Се подготвува за асфалтирање ул.„Наќо Лазовски“ во Кавадарци

Се подготвува за асфалтирање ул.„Наќо Лазовски“ во Кавадарци
Општина Кавадарци преку ангажираната оператива на фирмата „Градба промет“ започна со подготовка за асфалтирање на коловозот на ул.„Наќо Лазовски“ – информираат од локалната самоуправа. 
 
Деновиве беше отстранет стариот асфалт, а потоа ќе следи тампонирање и поставување на нов асфалт.
Проектот е дел од јавната набавка на општината за реконструкција и на коловозната површина на ул.„Иво Андриќ“ и ул.„Доне Попов“ спој со ул.„Григор Прличев“. Вредноста на оваа јвна набавка изнесува 5.535.000 денари. Претходно како дел од овој тендер се изврши пробивање и асфалтирање на крак од ул.„Дисанска“.