25 нови позитивни на корона вирус во Тиквешијата се дијагностицирани во изминатото деноноќие во Центарот за јавно здравје Кавадарци, заклучно до денес до 14.40 часот.
15 нови случаи има во Кавадарци, 2 во Неготино, 5 во Росоман и 3 во Демир Капија.
„Новите случаи се на возраст од 20 до 69 години. Има хоспитализирано двајца пациенти, еден од Росоман и еден од Демир Капија“ информира епидемиолог д-р Ристе Јовановски.
Во тек на вчерашниот ден на ковид одделот се сместени 38 пациенти, сите во стабилна општа состојба, информираа од болницата. Слободни се 22 болнички кревети.
Според податоците од министерството за здравство, во Кавадарци активни се 414 ковид случаи, а од почетокот на пандемијата дијагностицирани се вкупно 950 позитивни. Вчера се дијагностицирани 29 оздравени пациенти. Во Неготино има вкупно 388, а активни 247 (36 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија).
А.Д