Нов покрив за градинката во село Возарци

Нов покрив за градинката во село Возарци
Објектот на детската градинка „Ѕвончица“ во с.Возарци деновиве доби целосно реконструиран покрив. Општината ги обезбеди средствата преку Јавниот повик од Владата – информираат од локалната самоуправа.
 
 
Со овие пари се изврши демонтажа на старите лесонитни табли, а на нивно место е поставен пластифициран лим на површина од 270 квадратни метри. Изведувач на работите беше фирмата „МЗТ-инжинеринг“ од Битола.
 
 
Градинката во Возарци има капацитет за прифаќање на 25 до 30 деца. На површина од осумдесеттина квадратни метри располага со занимална, просторија за персоналот, чајна кујна и санитарен јазол.
 
 
Овој проект општината го реализира на барање на жителите од Возарци. Станува збор за преадаптација на поранешниот објект на амбулантата, кој сега со реконструкцијата е двонаменски.
 
 
Со преадаптацијата општината обезбеди подобри услови за жителите во згрижувањето на децата од предучилишната возраст.
Објектот кој беше предаден во употреба минататa година уште повеќе го подигна и онака добриот стандар на живеење во оваа урбана средина.