(ВИДЕО Еден месец од ковид одделот во кавадаречката болница: Излекувани 35 пациенти

(ВИДЕО Еден месец од ковид одделот во кавадаречката болница: Излекувани 35 пациенти

Денеска се навршува еден месец од почетокот со работа на ковид одделот во општата болница со проширена дејност во Кавадарци.

 

  Вкупно хоспитализирани  се 102 пациенти, од  нив со тешка клиничка слика транспортирани на инфективна клиника во Скопје се 18 пациенти,  починати се 16 лица со сериозни коморбидитети, а оздравени се 35 пациенти – информираше директорот на болницата д-р Диме Коцев.

 

Од денеска во кругот на болницата пред инфективната амбуланта е поставен шатор со затоплување. Како што велат од болницата, целта е да се обезбедат подобри услови за пациентите кои чекаат за преглед во инфективната амбуланта.

 

А.Д