KОВИД 19: Тројца починати, 42 нови случаи во Тиквешијата

KОВИД 19: Тројца починати, 42 нови случаи во Тиквешијата

Вкупно 42 нови позитивни на корона вирус до 12.30 часот денеска,  се дијагностицирани во изминатото деноноќие во тиквешкиот регион, информираа од Центарот за јавно здравје во Кавадарци.  Позитивните се на возраст од 18 до 79 години.

 

„Во Кавадарци има 19 нови случаи, 15 во Неготино, 5 во Росоман и 3 во Демир Капија“ информира епидемиолог, д-р Ристе Јовановски.

 

На ковид одделот во кавадаречката болница починале три лица, двајца од Кавадарци на возраст од 67 и 78 години и еден од Неготино на 74 годишна возраст. Сите имале сериозни коморбидитети- информираа од болницата.

 

Во моментов на ковид одделот има слободни 20 болнички кревети.

 

А.Д