15 нови ковид позитивни во Тиквешијата – четворица починати

15 нови ковид позитивни во Тиквешијата – четворица починати

15 нови позитивни ковид случаи се дијагностицирани во Тиквешијата во изминатите 24 часа, заклучно со денес до 14.15 часот, потврдија од центарот за јавно здравје во Кавадарци.

 

„Во Кавадарци има 14 нови случаи, еден е во Неготино. Очекуваме резултати и од други тестирања. Има починато тројца пациенти во Кавадарци еден на возраст од 71 година и двајца на 77 години. Во Неготино почина пациент на 74 годишна возраст“ информира епидемиолог д-р Ристе Јовановски.

 

А.Д