Koвид одделот во кавадаречката болница речиси исполнет

Koвид одделот во кавадаречката болница речиси исполнет

Продолжува да расте бројот на хоспитализирани пациенти на ковид одделот во кавадаречката болница. Капацитетот од 23 болнички кревети е речиси исполнет, информираше денеска директорот на болницата, д-р Диме Коцев.

 

„Имаме хосипиталицирано вкупно 20 пациенти и уште три слободни места, но за брзо ќе се потполнат и тие, бидејќи имаме неколку пациенти на интерно одделение  кои чекаат резултат за корона вирус, а ги имаат сите симптоми на вирусот. Еден пациент на 55 годишна возраст е транспортиран на инфективна клиника во Скопје, останатите хоспитализирани пациенти се со средно тешка клиничка слика“ рече д-р Коцев.

 

Тој повторно упати апел до сите граѓани да ги почитуваат максимално превентивните мерки.

А.Д