Советот на општина Росоман ја одржа 41 седница

Советот на општина Росоман ја одржа 41 седница

Советниците во советот на општина Росоман вчера ја усвоија годишната програма за работа на детската градинка „Праскичка„ за воспитно- образовната 2020/21 година. Директорката на градинката нагласи дека градинката работи со намален капаците, поради епидемијата со корона вирус и дека целосно се почитуваат протоколите за работа од здравствените власти.

 

Усвоен беше и извештајот за работењето на Јавното комунално претпријатие Росоман за првите шест месеци од 2020 година.

 

На дневен ред на 41 седница беше и кварталниот извештај за извршувањето на буџетот во третиот квартал. Извештајот го образложи раководителот на секторот финансии, Ратко Стаменов.

 

Елаборатот за процена и утврдување на висината на штета од елементарни непогоди, мраз, слана и град за 2020 година на територијата на општина Росоман не се разгледуваше и истиот е вратен на доработка.

 

А.Д