Една жена почина, 18 хоспитализирани на ковид одделот во кавадаречката болница

Жена на возраст од 65 години од Кавадарци која била хоспитализирана во ковид одделението, на пат кон Скопје, ја загубила борбата со корона вирусот. Таа покрај вирусот имала и сериозни коморбидитети, информираа денеска од кавадаречката болница.

 

„Во моментов хоспитализирани се вкупно 18 пациенти со средно тешка клиничка слика и засега сите се стабилни“ рече директорот на болницата, д-р Диме Коцев.

 

Тој повторно апелираше до граѓаните да бидат одговорни и да покажат зрело однесување,  во овој период кога здравствените работници водат битка за да го зачуваат животот на секој пациент. Вели, најважно е да се почитуваат превентивните мерки, да нема групирања, да се носат маски и да се мијат рацете.

 

А.Д