Кавадарци ново жариште: 21 нов случај на Ковид 19

Алармантно расте бројот на нови позитивни на  корона вирус, покажуваат денешните статистички податоци од Центарот за јавно здравје Кавадарци. Во последните 24 часа дијагностицирани се 21 случај во Кавадарци, а сеуште се чекаат резултати од направени тестови. Во Неготино има шест нови случаи и еден во Росоман. Кавадарци станува ново жариште на вирусот велат лекарите.

 

„Ги има сите возрасни групи, од 2 до 71 година.  Најмладиот позитивен е на две годишна возраст од Неготино. Детето посетува градинка и беше претходно во изолација по случајот со позитивно дете. Во Кавадарци позитивни се две деца, ученици, на возраст од 6 и 7 години. Од 8 октомври седумгодишникот не посетува училиште, а шест годишното дете не е на училиште од почетокот на учебната година“ рече за КТВ епидемиолог д-р Ристе Јовановски.

 

Ангел Данов