9 нови случаи на Ковид 19 во Тиквешијата – еден починат

Продолжува да расте бројот на нови позитивни на корона вирус во Тиквешијата. Стастистиката од Центарот за јавно здравје Кавадарци за последните 24 часа покажува девет нови случаи. Шест мина се од Кавадарци, а тројца од Неготино. 

 

Меѓу позитивните има еднo лице вработено во мал групен дом во Кавадарци, а во изолација се 2 деца и 3 вработени.

 

„Позитивните се на возраст од 16 до 62 години. Дел од нив имаат симптоми на болеста. Најголем дел од новите позитивни не знаат како се заразиле. Сите се на домашно лекување. Денеска има и еден починат кавадарчанец на 56 години,  кој се лекувал во приватна клиника“ информира епидемиолог д-р Ристе Јовановски.

 

А.Д