Градежни активности во село Сопот

Градежни активности во село Сопот

Општина Кавадарци во склоп на програмата за комунална изградба, деновиве преку ангажираната оператива работи на локации во селото Сопот.
Како дел од проектот за поплочување и асфалтирање во селото, оперативата на фирмата „АС машини“ изврши подготовка за асфалтирање на две локации со вкупна површина од 800 метри квадратни.


Асфалтирањето е на барање на жителите од Сопот кои гравитираат кон овие улици. Со реализацијата на овој проект општината ќе обезбеди урбанизиран и безбеден пристап и одвивање на сообраќајот.