Уште една успешна крводарителска кација беше реализирана во Кавадарци.
Крводарителите од Кавадарци успешно одговорија на повикот на Црвен крст Кавадарци да се дарува крв од крвна група 0+ поради дефицит од оваа крвна група на државно и локално ниво.
„Денес реализирани се 33 крвни единици од оваа крвна група. Крв се даруваше во кабинетот за трансфузиологија Кавадарци“ информира претседателот на ОО на Црвен Крст, Димитар Каракулев.
А.Д