Пет нови ковид позитивни во Кавадарци

Уште пет нови заболени од корона вирус се евидентираат во статистиката на Центарот за јавно здравје Кавадарци за последните 24 часа.

 

„Заболените се на возраст од 15 до 57 години. Тројца од нив се мажи и две жени. Сите имаат симптоми на вирусот и се на домашно лекување. Двајца биле во контакт со позитивни, а останатите не знаат како се заразиле“ рече епидемиолог д-р Ристе Јовановски.

 

А.Д