Кавадаречката болница од денеска има нов најсовремен женски оддел за интерни болести

Кавадаречката болница од денеска има нов најсовремен женски оддел за интерни болести

Општа болница Кавадарци од денеска и официјално доби нов женски оддел за интерна медицина. Одделот кој целосно беше реконструиран со помош на Алкалоид и фондацијата „Трајче Мукаетов“ ќе обезбеди современи услови за лекување на пациентите. Свечено во функција денеска одделот го пуштија министерот за здравство Венко Филипче, директорот на Алкалоид Живко Мукаетов и директорот на општа болница со проширена дејност д-р Диме Коцев.

 

 

„ денес во нашата болница присуствуваме на официјалнопуштање во употреба на новиот женски “Оддел за интерни болести”, со капацитет од 16 болнички кревети. Имено, се работи за целосна реконструкција и  комплетно опремување на еден оддел од Болницата кој 30 години беше надвор од употреба. Инвестицијата е во целост донација на Фондацијата ” Трајче Мукаетов”, чиј основач е АД Алкалоид Скопје. Затоа, ја користам оваа прилика, како од мое лично име, од име на вработените во болницата, така и од име на сите Кавадарчани, изразам огромна благодарност до Алкалоид  и посебно до г-нот Живко Мукаетов, за реализираната донација“ рече директорот на болницата.

 

 

 

Одделот е изграден од најсовремени градежни материјали и опремен со модерен медицински и технички ентериер. Со тоа, овозможуваме прекрасен амбиент за сместување на нашите пациенти и нивно поквалитетно болничко лекување, додаде д-р Коцев и информира дека од денеска во болницата е пуштен во употреба и нов Агрегат со моќност од 250 KW, исто така донација на АД Алкалоид Скопје, кој во целост ги задоволува потребите на истата.  Вкупната донација изнесува 170 илјади евра.

 

Ангел Данов