
Седум нови позитивни на корона вирус се дијагностицирани денеска во Кавадарци, потврдуваат од Центарот за јавно здравје. Станува збор за пациенти на возраст од 42 до 73 години. Тројца од нив се здравствени работници.
„Сите се со лесна клиничка слика и се на домашно лекување. Работиме на утврдување на контактите“ рече епидемиолог д-р Ристе Јовановски.
А.Д
