Три млади лица позитивни на Ковид 19 во Кавадарци

Нови три случаи на корона вирус се дијагностицирани денеска во Кавадарци, потврдија од ЦЈЗ Кавадарци.  Станува збор за двајца на 22 годишна возраст и еден на 19 години, една е  жена и двајца мажи.

 

„Новите позитивни се контакти од веќе познати кластери.  Биле во изолација и по направеното тестирање се позитивни. Имаат лесна клиничка слика и се на домашно лекување“ рече епидемиолог д-р Ристе Јовановски.

 

Тој апелира целосно да се почитуваат мерките за заштита.

 

А.Д