15 години затвор за кавадарчанец кој посредувал во проституција спрема дете

По одржаната главна, усмена и нејавна расправа, петчлениот кривичен совет при Основен суд Кавадарци, постапувајќи по обвинителниот акт на ОЈО Кавадарци против обвинетиот С.О. од Кавадарци, за сторени кривични дела Посредување во вршење проституција од чл. 191 ст.3 в.в. ст.1 од К3 и Овозможување на употреба наркотични дроги од чл. 216 ст.2 в.в. ст.1 од К3, спрема дете – жртва, донесе пресуда со која на обвинетиот му изрече казна затвор во траење од 15/петнаесет/ години – информираа од Основен суд Кавадарци.