Четири нови случаи на корона вирус се дијагностицирани денеска во Кавадарци, потврдија од Центарот за јавно здравје. Лицата се на возраст од 16 до 31 година.
„Двајца од ново дијагностицираните биле во контакт со веќе заболени, а за двајца ги утврдуваме контактите. Сите се со лесна клиничка слика и на се на домашно лекување“ рече за КТВ, епидемиолог д-р Ристе Јовановски.
Се чекаат резултати и од други направени тестирања.
А.Д
