11 лица во Кавадарци казнети поради не носење заштитна маска

11 лица во Кавадарци казнети поради не носење заштитна маска

И понатаму голем е бројот на граѓани кои се движат низ улиците, но и во продавниците без заштитна маска.  Не ретки се групирањата меѓу младите без да одржуваат дистанца.

 

Во текот на вчерашниот ден  за непочитување на Уредбата за носење  на лична заштита казнети сe 53 лица, и тоа, 32 во Велес , 11 во Кавадарци и десет во Неготино, информираа од СВР Велес.

 

А.Д