Во тек е доградбата на кејот на реката Луда Мара во Кавадарци

Интензивно се работи на доградба на кејот од „брушанскиот мост“ до Ваташа. Механизацијата на фирмата изведувач на овој проект во моментов работи на земјени работи, а веќе е започнато и оформување на речното корито со камен и бетон.

 

По завршување и на оваа доградба, целосната должина со пешачка и велосипедска патека ќе биде 6 километри.

 

„Веќе неколку години општината со вардарски плански регион и министерството за локална самоуправа  работи на изградба на кејот на градското подрачје. Со оваа доградба на овој кеј ќе направиме комплетно заокружување на целиот проект. Вкупната инвестиција е 23 милиони денари, а должината е 750 метра и со тоа добиваме кеј и патеки за шетање од 6 км каде граѓаните може да уживаат и рекреираат“ изјави градоначалникот Митко Јанчев пред околу еден месец кога започнаа градежните работи за доградба на кејот.

 

A.Д