СВР Велес: Ниту е пријавен поткуп во Велес, ниту сме постапувале!

СВР Велес: Ниту е пријавен поткуп во Велес, ниту сме постапувале!

Во врска со информацијата обајвена во дел од интернет порталите дека во Велес се давани пари како поткуп во вид на социјална помош на граѓаните, Ве известуваме дека во СВР Велес ниту е пријавен таков настан ниту пак е постапувано за таква работа.

 

Апелираме до овие медиуми да не изнесуваат невистини, особено во период на предизборен молк. За сите потребни информации стоиме на располагање на медиумите. – стои во реакцијата од СВР Велес.