Нови два случаи позитивни на ковид 19 се дијагностицирани во Кавадарци, потврдија од Центарот за јавно здравје.
„Станува збор за жена на возраст од 67 години. Имала благи симптоми и затоа е извршено тестирање, кое покажа дека е позитивна. Позитивен е и маж на возраст од 44 години. Работел во „Дрекслмајер“. Работниците од линијата каде работел тој се веќе испуштени“ рече за КТВ епидемиологот од Центарот за јавно здравје Кавадарци, д-р Ристе Јовановски.
Во моментов се работи на утврдување на контактите на новите двајца позитивни во Кавадарци.
А.Д