Завршна фаза од реконструкцијата на градскиот стадион во Кавадарци

Во тек е завршната фаза од реконструкцијата на градскиот стадион со поставување на квалитетна бусен трева. Со оваа реконструкција значително ќе се подобрат условите за спортување и одржување на фудбалските натпревари. Проектот се реализира во соработка со Агенција за млади и спорт.