Вонредна крводарителска акција во Кавадарци

Вонредна крводарителска акција во Кавадарци

Општинската организација на Црвен Крст Кавадарци во среда на 17 јуни ќе реализира вонредна крводарителска акција цо Кавадарци, поради зголемените потреби од крвни единици. 

Акцијата ќе се спроведува во периодот од 9 до 14 часот во просториите на Домот на културата „Иван Мазов Климе“. 

 

Се повикуваат сите хумани граѓани да се вклучат во акцијата и да даруваат крв.