Од Центарот за јавно здравје целосно ги отфрлаат дезинформациите кои кружат низ градот, дека наводно има нови седум заболени од Ковид 19 во Кавадарци.
„Засега имаме еден активен случај. Станува збор за 65 годишна жена за која информиравме вчера. Земени се брисеви од ќерката и сопругот на позитивната пациентка, ги очекуваме резултатите и засега нема нови заболени“ вели епидемиологот од ЦЈЗ Кавадарци, д- Ристе Јовановски.
А.Д