41 нов случај на Ковид 19 – По еден случај во Кавадарци и Неготино

Денеска се регистрирани 29 излекувани пациенти. Од нив 4 пациенти од болничко лекување и 25 кои се лекуваа во домашни услови – информира министерот за здравство Венко Филипче.
 
 
Во изминатите 24 часа потврден е 41 нов случај на Ковид-19. По градови:
 
– Скопје -17
– Куманово -11
– Прилеп– 5
– Тетово – 3
– Кавадарци – 1
– Гостивар -1
– Крива Паланка -1
– Кичево -1
– Неготино -1.
 
 
Лицето евидентирано  во  денешната статистика од Кавадарци е истиот случај за докторот од ЦЈЗ за кој веќе информиравме, а регистрираниот случај во подрачна единица Неготино е жител на Демир Капија. Односно, последните информации говорат дека од Демир Капија се евидентирани две позитивни лица. Станува збор за двајца сопружници. Во денешната статистика е влезен само сопругот, а тестот кој бил позитивен од неговата сопруга е добиен во текот на денешниот ден.
 
 
Со ова вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со ковид-19 во нашата земја изнесува 1.300 лица.
 
 
Во изминатото деноноќие направени се 649 теста. Досега во земјата се направени вкупно 13649 тестирања на Ковид -19.