Се известуваат жителите на Кавадарци дека денес со почеток од 15 часот ќе се започне со аеродезинфекција.Жителите кои живеат во куќи и станбени згради кои се наоѓаат на самите улици пожелно е да ги затворат своите прозори и врати. Во акцијата ќе учествуваат 5 возила и 2 трактори, кои ќе вршат аеродезинфекција.
Аеродезинфекција ќе се врши и во околните кавадаречки села – информираат од локалната самоуправа Кавадарци.
