Пријавување во општина Кавадарци за издавање дозвола за работа за време на полициски час

Пријавување во општина Кавадарци за издавање дозвола за работа за време на полициски час

 

Согласно Записникот од Дваесеттиот состанок на Главниот координативен кризен штаб за обезбедување целосна координација во врска со спречување на внесување и ширење на Коронавирус COVID-19 , одржан на 6ти април 2020 година, точка 5, Кризниот штаб на Општина Кавадарци го донесе следниот заклучок: 

 

– Согласно владините мерки за online работа и достава на продукти од маркети, достава на храна од ресторани и слично, тобака , како и такси превоз, се повикуваат сите заинтересирани правни субјекти да се пријават во Општина Кавадарци , за добивање на дозвола за работа за време на полициски час. 

 

Во прилог е Пријавата која е потребно да ја пополнат сите заинтересирани правни субјекти најдоцна до петок 10.04.2020 година до 12 часот. 

Пополнетата Пријава да се испрати на opshtina@kavadarci.gov.mк

 

Пријава за online достава