До 12 часот без вода жителите на населбата „Голи Оток“

 

 

    Жителите од населбата “Голи Оток” во Кавадарци, денеска ќе останат без вода за пиење до 12 часот, поради дефект на водоводната мрежа.

 

     Пандорка Димитриева, референт за односи со јавноста при Јавното претпријатие “Комуналец”, информира дека екипи на комуналното претпријатие интензивно работат на терен за отстранување на дефектот и нормализирање на водоснабдувањето во тој дел на градот. Упатува молба за разбирање, до населението кое остана без вода за пиење.