Димитров: „Лажни се обвинувањата од СДСМ“

Директорот на СОЗШУ „Ѓорче Петров“, Благој Димитров по обвинувањата од ОО на СДСМ Кавадарци за наводен криминал се огласи со писмена реакција, која ја пренесуваме интегрално:

          

 

Демант од Директорот на СОЗШУ Ѓорче Петров, Кавадарци – Благој Димитров за лажните обвинувања на СДСМ со цел да се деградира личноста на директорот и угледот на училиштето и партијата на која припаѓа.

 

  1. Доказ дека уверението од Основен Суд Кавадарци е уредно издадено на 29.07.2014г дека лицето Б.Димитров нема обвинителен акт кој влегол во правна сила ниту пак е донесена неправосилна осудителна пресуда.

 

 

  1. Во врска со обвинувањата за наместениот тендер за набавка на трактор и приклучни машини (во вредност од 12.000 евра) по барање на актвиот од земјоделската струка на наставнички совет донесена е одлука да средствата од лозовата економија и субвенциите наменски се потрошат со набавка на трактор и приклучни машини. Со одобрување на училишниот одбор и добиената согласност од советот за јавни набавки распишан е тендер и извршена е набавката. Врз основа и на претходни обвинувања за истиот предмет извршен е и увид од Државен просветен инспектор при што е констатирано дека нема повреди од страна на директорот и училиштето во однос на предметот.

 

 

  1. Во врска со обвинувањата за криминалот од научно наставната шума: На барање од ЕВН Кавадарци да се изврши сечење на стебла долж далеководот 10(КВ) во Михајлово, Министерството за шумарство и водостопанство даде согласност да се изврши дадената сеча и чистење на шумската вегетација со која стопанисува училиштето. Согласно договорот одржан на 02.11.2015г во просториите на ЕВН Кавадарци со претставници од ЕВН КЕЦ Кавадарци, Македонски шуми – Бор Кавадарци, СОЗШУ Ѓорче Петров – Кавадарци, Општински инспекторза шумарство –  Кавадарци и  МЕПОС оператива, согласно законот за шуми, одлучено е да се изврши сечата под далеководот до караулата во Михајлово. Средствата добиени од сечата се наменски потрошени за промена на кровната конструкција на објектот на училиштето во Михајлово.

 

 Сите овие невистини и лаги што се изнесуваат се неточни, напротив училиштето е едно од најдобрите во Републиката, кое постигнува резултати на државни и меѓународни натпревари: Софија и Теветен – Бугарија, Футок – Нови Сад. Училиштето има добиено повеќе проекти: Грм Ново Место – Словенија, Даблин – Ирска, Крижевци – Хрватска (кој ќе се реализира во ноември 2016), Ирска 2 (реализација во 2017), Португалија и Шпанија (реализација во декември 2016), проект од МОН во соработка со Бизнис сектор за опремување на енолошка и педолошка лабораторија. Во сите проекти земаат учество наставници и ученици. И покрај сите обвинувања ние ќе продолжиме да работиме и да бидеме успешни – пишува Димитров.