И најмладите беа дел од Тиквешки гроздобер

И најмладите беа дел од Тиквешки гроздобер

И годинава дел од стопанско туристичката и културна манифестација, Тиквешки гроздобер беше карневалското дефиле на најмалите од општина Кавадарци.

 

Во детскиот карневал учествуваа над 700 учесници од основните училишта во Кавадарци.

 

Учениците беа маскирани во гроздови, винови лози, но и во маски од нивните јунаци.

 

И детскиот карневал го проследија илјадници гости од земјава и странство кои беа дел од гроздоберското празнување.                          A.Д