Mлади од Кавадарци и Неготино во посета на Словенија

Mлади од Кавадарци и Неготино во посета на Словенија

Советот за превентива против малолетничка деликвенција од Кавадарци продолжува со праксата што повеќе млади од Македонија да учествуваат во размени на млади   од земјите од Европската Унија и Балканот.

 

Една таква размена се реализира минатиот месец во периодот од 19 до 27 август во склоп на програмата Еразмус Плус во која осум млади од Кавадарци и Неготино престојуваа во Словенија во градот Чрномељ. Мешу 42 учесници од Словенија, Германија, Шпанија, Хрватска и Турција беа и младите македонци: Ѓорѓи Стефанов лидер на македонаскиот тим, потоа Стефан Тодоров, Тоде Крстев, Анастасија Цуцулова и Андријана Стојановска од Кавадарци и Симона Миладинова, Димитар Стојчев и Кристијан Петров од Неготино.

 

Размената на млади во Словенија овој пат на тема „Ревитализација на парковите во Чрномељ“. Имено градот Чрномељ има три паркови и тоа Гричек, Јурјеванска драга и Мајер кои до пред дваесет години биле полни со посетители но со тек на времето  се повеќе се празнат затоа што социјалниот живот на младите се префрлил на социјалните мрежи. А стапката на невработеност станала висока. Целта на овој проект со наслов „Ревитализација на парковите во Чрномељ е да се зголеми свеста кон вклучувње на постоечките ресурси кон подигање на квалитетот на животот.

                Учесниците на оваа размена на млади презентираа традиционални игри од своите земји, спортруваа и организираа различни социјални настани вклучувајќи ја тука и интеркултурната вечер на која секоја земја учесничка ги претстави своите традиционални кулинарски специјалитети, песни поезија и култура.

 

Македонската екипа се претставуи со македонскиот ајвар,овошни џемови и слатка, тиквешките вина и ракии, народните ора и песни зачинети со стиховите на Кочо рацин и Константин Миладинов вели лидерот на тимот Ѓорѓи Стефанов . Исто така се одржа и работилница на тема„Улогата на спортот, културата и јавните места во социјалното интегрирање . Во рамките на размената сите учесници имаа можност да ја видат реката Колпа која е природна граница меѓу Хрватска и Словенија, потоа градот Љубљана каде беа гости на Европската куќа и каде на главниот плоштад изведоа флешмоб. Преку сите активности нашите членови на Советот за превентива против малолетничка деликвенција   се стекнаа со нови вештини и способности, склопија многу нови пријателства, и на крајот добија сертификат Јутпас.

 

Мирјана Мукаетова