Високите температури ги алармираа земјоделците по што следеше зголемена побарувачка од страна на водокорисниците кои користат вода за наводнување од Хидромелиоративниот систем „Тиквеш“.
Годинава се предвидува да бидат наводнети над 8,5 илјади хектари земјоделска површина на територијата на петте општини: Кавадарци, Неготино, Росоман, Демир Капија и Градско, вели техничкиот директор на водостопанство „Тиквеш“ Илија Темелковски.
Моментно најголеми проблеми со наводнување има во атарот на селото Сопот. Овој проблем се надминува со примена на комбиниран начин на наводнување со користење на пумпната станица Сопот 2, вели Темелковски.
Мирјана Мукаетова