Се менуваат столиците во салата на домот на културата

По цели три децении  публиката во Салата на Домот на културата „Иван Мазов Климе“ во Кавадарци ќе има можност да седи во нови  црвени и удобни столици и да уќива во проследувањето на сти настани од културата кои се случуваат на сцената.  

 

Промената на столиците  е инвестиција од 1 милион и 600  илјади денари од кои 1 милион се од локалната самоуправа а 600  000 денари од Министерството за култура. По промената на столиците ќе следи и реновирање на сцената и мизансценкиот простор со гримјорните и помошните простории.

М.Мукаетова