Продолжува да се реализира програмата за комунално уредување на општина Кавадарци. Денеска „Изолација“ од Скопје работеше на асвалтирање на две улици.
Со нов асвалтен слој се покрија улиците „22 декември“ и „Димитар Влахов“. Се работи за асвалтирање на улици со вкупна површина од 1250 м2 или 370 метри должни. Дебелината на слојот е 5см. Вкупната вредност за овие активности е 900 илјади денари, пари од буџетот на општина Кавадарци, информираат од Службата за односи со јавноста при локалната самоуправа Кавадарци.
А.Д