Советот на општина Кавадарци утре во рамки на 27 та седница ќе избира командир на полициксата станица од општа надлежност Кавадарци. До советот, МВР ги предложи Борче Мустеников, Тони Ангелов и Дејан Николов.
Пред советниците се две одлуки за утврдување на нацрт детални урбанистички планови. Ќе се разгледуваат и извештајот за редовното работење на ЈП за стопанисување со спортски обејкти „Мито Хаџи Василев“ Кавадарци за 2014 година, програмата за работа на домот на културата „Иван Мазов Климе“ и статутот на музеј галерија Кавадарци.
Советот ќе ја разгледува и информацијатаз а состојбата со јавната безбедност и безбедноста на сообраќајот на патиштата за второто полугодие од минатата година.
A.Д