Сребрен медал за СОЗШУ „Ѓорче Петров“ на образовното рандеву за најдобра реклама

Сребрен медал за СОЗШУ „Ѓорче Петров“ на образовното рандеву за најдобра реклама

Викендов  во Велес се одржа јубилејното 10-то по ред „Образовно рандеву“. Организатор, секоја година е   МАССУМ (Младинска асоцијација на средните стручни училишта на Македонија), а домаќин беше СОУ „Димитрија Чупоски“ од Велес.

    На „Образовното рандеву“ зедоа учество 60-тина средни училишта од државата. Се натпреваруваа во неколку дисциплини: најдобар штанд, најдобар бенд, најдобра драма, најдобар филм, најдобра веб страна, најдобра видео-реклама, фотографија, бизнис план, инервју за работа, поетска творба, јавно говорење, натпревари во пин понг, серва, кошарка и други.

    Стручните училишта од Кавадарци настапија со свои тимови во повеќе дисциплини. СОЗШУ „Ѓорче Петров“ освои сребрен медал во дисциплината „најдобра видео-реклама“. Наградени беа учениците Белчовски Мартин, Маџоски Филип и Ристиќ Слаѓана. Нивни ментори беа професорите: Ѓоко Тодоров и Влатко Тасев.

А.Д