Селото Бохула ќе добие канализациона мрежа. На вчерашната седница советот на општина Кавадарци за приоритен за аплицирање по јавниот повик за проекти за развој на подрачја со специфични развојни потреби и за развој на селата го избра токму овој проект.
Општината ќе конкурира по програмата за рамномерен регионален развој за 2015 година.
Главната канализациона линија е со должина од 1150 метри. За нејзина изградба се потребни 4 милиони денари. Парите за реализација на овој проект во висина од 50 отсто, односно 2 милиони денари ќе се обезбедат од Министерството за локална самоуправа – Биро за регионален развој, а останатите 50 отсто ќе се обезбедат од буџетот на општина Кавадарци.
А.Д