Квиз натпревар со дечињата од средната и големата група-насловен како витамини за здравјето многу фини, реализираше детската градинка Праскичка Росоман. Согласно Министерството за труд и социјална политика кое за 2014-2015 година воведе програма за едукација на деца од предучилишна возраст во установи за згрижување и воспитување на деца во процесот на одгледување и консумирање на здрава храна.Во рамки на оваа програма градинките во своите објекти изработијаи леи , односно органиски градини во кои што децата во раната пролет ќе започнат со сеење и садење на зеленчук што може да се одгледува во тој период.Воспитувачите ја имаат главната улога за едукација на децата за примена на здрава храна укажувајќи им ги приоритетите и хранливите состојки најчесто преку говорни игри, приказни, серија слики и интерактивни боенки.
Токму затоа го организиравме и овој квиз. Многу полесно е целта да ја постигнеш со креативен начин, а вака го привлекуваме вниманието да најмладите и ги тераме да размислуваат и да бидат паметни, но и свесни за начинот на исхрана, велат од детската градинка Праскичка Росоман. Преку разни игри и квизови на интерактивен начин им посочуваме што е корисно за нив да јадат,а што да избегнуваат.Истотака преку песнички и стихотворби ги запознавме со витамините и нивното значење, додаваат од Праскичка.
Децата без негодувања го прифаќаат менито со овошје и зеленчук и активно учествуваат во самиот процес на подготовка на храна, од правилно миење до сецкање.Но, за да се постигне резултат, неопходно е да се едуцираат и родителите во здравата исхрана на децата, потребно е освен во градинките здраво да се хранат и дома. Тоа се две алки кои треба да бидат врзани за да се дојде до очекуваниот резултат, кој генерално на ниво на државата се очекува да се постигне, сметаат надлежните.
М.Младенова