Традиционално и на браната Моклиште се изврши голем водосвет. Присуствуваа голем број верници. По светиот крст скокнаа седум момчиња од Ваташа, а најсреќен и прв до крстот доплива тринаесет годишниот Јован Гогов од Ваташа. 
И Гогов доби подарок ЛЦД телевизор од градоначалникот и локалната самоуправа, и други подароци од организаторот на богојавленскиот водосвет.
Градоначалникот Александар Панов упату честитки до верниците.
На богојавленскиот водосвет на браната Моклиште, претходеше света литургија во црквата Света Богородица во Ваташа.
А.Данов